Сезоната во Италија ќе продолжи на 20. јуни, па така и македонскиот репрезентативец и член на Наполи Елиф Елмас полека се подготвува за „рестартот“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес Елмас на Инстаграм се пофали со новите копачки на кои го има неговиот лик, македонското знаме и лав. Мора да се признае дека изгледаат одлично, а ќе видиме како со нив ќе игра во преостанатите натпревари.
Освен во првенството Наполи на 13. јуни го чека и реванш натпреварот против Интер во италијанскиот куп.
Тука можете да прочитате за големите очекувања кои во Неапол ги имаат од Елмас.



