Дома Фудбал Во Неапол најавуваат: „Дијамантот“ допрва ќе блеска!

Во Неапол најавуваат: „Дијамантот“ допрва ќе блеска!

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас минатото лето се пресели во редовите на Наполи, а се добива впечаток дека токму кога почна да игра како што знае и да добива повеќе шанса од Гатузо дојде прекинот поради коронавирусот.

По Везув сега очекуваат дека „дијамантот“ допрва ќе блесне. За нив нема да биде изненадување ако се најде во првите 11 на Гатузо веднаш по рестартот на првенството.

„Во проблематичната сезона со многу проблеми една од најсветлите точки во последниот период пред прекинот беше Елиф Елмас. Елмас кој е роден 1999 година покажа големи квалитети, а допрва треба да го видиме најдоброто од него. Беше „виновник“ за победата против Сасуоло, а против Сампорија постигна гол и доминираше на средината. Ова може да биде само најава дека „дијамантот“ ќе блесне“, пишуваат медиумите во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет гола во мрежата на Ленс: Комо со неверојатни 9-1 во Лигата на шампионите!

Анастасиос Дувикас постигна хет-трик, а тројца резервисти се запишаа меѓу стрелците во убе…