Македонскиот шампион МЗТ Скопје денес излезе со ново соопштение после најновата казна која ја добија од Кошаркарската федерација на Македонија.
Во соопштение се потсетува дека федерацијата неколку пати во краток период го казнува МЗТ. Претходно МЗТ беше казнет со 300.000 денари, додека директорот на клубот Тони Грнчаров доби двегодишната суспензија. На таа одлука беше испратена жалба од клубот од аеродром.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денешното соопштение на МЗТ гласи:
„Органите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), вторпат во краток период, парично го казнија МЗТ Скопје, но овој пат наместо Дисциплинската комисија, која неодамна ни изрече санкција од 300.000 денари и двегодишна суспензија на директорот Тони Грнчаров, на која веќе се жалевме, тоа го стори комесарот Александар Милојевиќ, поради извештајот на делегатот од неодамнешното вечно-дерби во кое лесно и убедливо го совладавме Работнички (87-66).
На нашиот тим му е наложено да плати 8.000 денари поради наводното „неспортско навивање“ на нашите навивачи упатено кон тренерот на гостинската екипа, како и дополнителни 16.000 денари поради истакнување на транспарент, кој, според нивните стандарди, имал навредлива содржина кон „Претседателот на КФСМ“.
Колку и да не се согласува со причините за изречените казни, МЗТ Скопје стоечки ќе ги прифати санкциите, со надеж дека делегатите и комесарот ќе бидат исто така ревносни во санционирањето на исти и слични работи на средбите кои нашиот тим ќе ги игра на гостинските терени.“
Фото: МЗТ Скопје