Фелипе Кутињо е на излезни врати од Барселона и после последните постапки на фудбалерот ќе биде навистина изненадување ако и наредната сезона го гледаме во дресот на Каталонците.
Пред неколку дена беше забележано дека Кутињо го отстрани описот кој го поврзуваше со Барселона, а сега одново Бразилецот направи потег со кој најавува дека ќе замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, медиумите пишуваат дека Кутињо го отпишал своите деца од школата на Барселона.
Кутињо се помалку е дел од плановите на Барселона и после ова може да се каже и дека ќе биде изненадување ако сезоната ја започне во Каталонија.
Како следна дестинација на Бразилецот се споменува Пари Сент Жермен, а интерес за него покажува и неговиот бивши клуб Ливерпул, кој сака да го врати на „Енфилд“.