Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо е чекор поблиску до Арсенал јавуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кутињо е блиску до трансфер во тимот од Лондон што би било негово враќање во Премиер лигата. Позајмицата во Баерн за Бразилецот беше неуспешна, Барселона нема намера да го задржи па затоа најреално е да се очекува да замине.
Офанзивецот неодамна го поврзуваа со уште еден клуб од Лондон, Тотенхем. Во овој момент не е познато за колку Брселона би го пуштила Кутињо, но шпанските медиуми веруваат дека сумата нема да биде преголема затоа што клубот не смета на Бразилецот.
Самиот Кутињо неодамна изјави дека има желба да се врати во Премиер лигата каде што пред неколку години блескаше во дресот на Ливерпул.