Дома Фудбал Две клупи во Серија А се тресат, Тудор чека нова шанса

Две клупи во Серија А се тресат, Тудор чека нова шанса

Две клупи во Серија А се тресат, Тудор чека нова шанса

Игор Тудор повторно е во комбинација за работа во Италија. Според италијанските медиуми, хрватскиот стратег е меѓу тренерските решенија што ги разгледуваат Аталанта и Удинезе, во момент кога резултатите го доведуваат во прашање останувањето на нивните актуелни тренери.

Во Бергамо притисокот е врз Маурицио Сари. Аталанта по девет кола во Серија А се наоѓа на 12. позиција со десет бода, а доколку продолжи лошиот период, клубот би можел да посегне по промена. Тудор се посочува како главен кандидат за клупата доколку биде донесена одлука за разделба со Сари.

Удинезе, пак, веќе седум натпревари не знае за победа. Шест порази и едно реми ја отворија темата за иднината на Коста Руњајиќ, а името на Тудор се споменува меѓу водечките опции за негов наследник. За Хрватот тоа би било враќање во клуб што веќе го водеше во својата кариера.

Последниот ангажман на Тудор траеше само 44 дена. Во февруари годинава тој го презеде Тотенхем по отказот на Томас Франк, но лондонската епизода заврши уште на 29 март. Во седум натпревари забележа една победа, едно реми и пет порази.

При неговото заминување, Тотенхем беше на 17. место во Премиер лигата, со само еден бод предност во однос на зоната за испаѓање. Оттогаш хрватскиот тренер нема нов ангажман.

Ниту претходната работа во Јувентус не заврши успешно: торинскиот клуб го смени во октомври 2025 година, по серија од осум натпревари без победа. Тудор има искуство и од Лацио, Верона, Марсеј, Хајдук, ПАОК, Карабукспор и Галатасарај, а сега италијанските медиуми повторно го поврзуваат со Серија А.

Фото: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси во Њуелс уште во јануари? Романо ја запре приказната

Аргентинските најави за враќање на Меси во матичниот клуб добија демант од Фабрицио Романо…