Дома Фудбал Куртоа по тешката победа на Реал се пожали: Ваквите терени не се добра слика за Ла Лига

Куртоа по тешката победа на Реал се пожали: Ваквите терени не се добра слика за Ла Лига

Tибо Куртоа беше на ниво кога тоа беше потребно и не дозволи Реал да прими гол на гостувањето во „Ваљекас“ кое нема да се памети премногу по некоја течна игра, туку по лошите услови за игра на теренот.

Победата на Реал ја донесе Карим Бензема на седум минути пред крајот на мечот. Ситуацијата со теренот и лошите услови после натпреварот ја коментираше чуварот на мрежата на „кралевите“.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Одигравме еден комплициран натпревар, теренот не беше добар и не беше на потребното ниво. Ова не е добра слика за Ла Лига. Знам дека не е лесно да се одржува еден фудбалски терен, меѓутоа вакви работи не треба да се случуваат“, изјави Куртоа.

Куртоа после мирното прво полувреме во второто забележа неколку интервенции со кои го спасуваше својот тим и сигурно е еден од најзаслужните за оваа победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саутгејт тргна да се поздрави, навивачите му вратија – со шишиња! 🎥

Англија вчера повторно не победи, но сепак мина како прва во групата. Играта која ја прика…