Дома Фудбал Куртоа и Азар имале кодирано име за Реал уште кога играле во Челзи

Куртоа и Азар имале кодирано име за Реал уште кога играле во Челзи

Тибо Куртоа и Еден Азар „сонувале“ еден ден да играат во Реал Мадрид уште во времето кога двајцата беа во Челзи.

Белгиските репрезентативци разговарале за можноста да се преселат на „Сантиаго Бернабеу“ дури и во соблекувалната на Челзи, но имале кодирано име за „кралскиот“ клуб.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Во соблекувалната на Челзи разговаравме со Еден за можноста да играме во Реал. Клубот го нарекувавме Белиот дом. Интересно ни беше да шпекулираме со нашето доаѓање тука. Сега сме нестрпливи да освојуваме трофеи во Реал Мадрид“, откри Куртоа.

Куртоа се пресели во Реал Мадрид во 2018 година, додека Азар една година после него за 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе: Ако надоместокот е пет минути, тогаш мора да се игра пет минути

Шпанија со резултат 5:4 ја совлада Франција во полуфиналето на Лига на нации и обезбеди ме…