Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа му даде интересен предизвик на својот соиграч и пријател Герет Бејл.
Познато е дека Велашенцот иако долги години е во Мадрид слабо го говори шпанскиот јазик, а Куртоа би сакал да го види баш во такво светло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го одржувам мојот англиски со разговорите со Герет, иако тој збори навистина добро шпански, многу подобро од тоа што луѓето мислат. Тој може да одработи перфектно интервју на шпански. Зборувам многу со него, бидејќи и јас сакам да гледам голф“, изјави Куртоа.
„Јавноста секогаш го напаѓа поради истите работи. Голфот и шпанскиот јазик. Сакам да го видам како дава целосно интервју на шпански, едвај чекам да го видам во такво светло. Тој збори многу добро во соблекувалната и се разбира со сите соиграчи“, додаде Белгиецот.
It's been 114 days since the last time Gareth Bale scored a goal for Real Madrid. [@diarioas] pic.twitter.com/D9qwrw7bhF
— Infinite Madrid (@InfiniteMadrid) December 25, 2019