Дома Фудбал Куман: Тешко дека ќе ја освoиме титулата

Куман: Тешко дека ќе ја освoиме титулата

Tренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека неговиот тим заслужил повеќе во ремито против Еибар.

Дуелот на „Камп Ноу“ заврши со резултат 1:1. Еибар поведе со голот на Кике, а Дембеле донесе бод на Барселона. На самиот почеток на натпреварот Брајтвајт промаши пенал за домаќините.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Заслуживме да победиме, направивме се што требаше. Тие имаа само еден удар во рамките од голот…Ние создававме шанси, не искористивме и пенал, а потоа направивме грешка во одбраната. Ова ни се случило и претходно, имавме прилики, но не ги претворивме во голови“.

„Игравме со млади играчи, имаше пет-шест. Но имаше искусни играчи ,ни недостасуваше Лео кој прави разлика и понатаму се прашувам како не победивме“, изјави Куман.

Барса годината ќе ја заврши на шестата позиција и Куман признава дека ќе биде тешко да дојдат до титулата.

„Ако зборуваме за титулата, реално тешко дека ќе дојдеме до неа. Ништо не е невозможно, меѓутоа свесни сме за разликата. Атлетико е многу добар тим и примија многу малку голови“, заклучи Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…