Дома Фудбал Куман: Се уште не сме го допреле дното

Куман: Се уште не сме го допреле дното

Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека целосната криза во клубот се рефлектира на игрите на тимот.

Барселона катастрофално ја отвори сезоната и заостанува 12 бода зад лидерот Атлетико Мадрид, а пред неколку дена тимот доживеа дебакл од Јувентус во ЛШ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Дали сме го допреле дното? Тимот нема континуитет, но не сме го допреле дното се уште. На гостувањето кај Јуве одигравме одличен меч, а сега противникот одигра таков натпревар. Ако подобриме некои детали од играта, ќе почнеме да победуваме“,смета Куман.

„Кога си навикнат да бидеш на врвот, тешко е да објасниш порази како тие од Кадис и Гетафе. Целата ситуација во клубот е многу комплицирана, нема финансиска сигурност, чекаме нов претседател… Целата ситуација негативно се одразува на тимот и на резултатите“, заклучи Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивач сакаше да се слика со Онана, па доби лакт во лице (Видео)

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, нападнал навивач кој влета на теренот по пора…