Роналд Куман и Барселона, во зимскиот преоден рок, ќе се обидат да ослободат од четворица фудбалери.
Каталонскиот „Спорт“, тврди дека Куман, во вториот дел од сезоната нема да смета на услугите на Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Карлес Алења и Рики Пуиг.
Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓
Првите двајца се на продажба, а останатите двајца клубот сака да ги испрати на позајмица.
Умтити би можел да заврши во Премиер лигата, а неговата цена изнесува околу 20 милиони евра. Што се однесува до Фирпо за него интерес има од Италија, но нема понуди во моментов.
Алења и Пуиг се големи таленти на кои клубот смета во иднина, па затоа сака само да ги испрати на позајмица.