Дома Фудбал Куман: Не сме фаворити, но можеме да го победиме Баерн

Куман: Не сме фаворити, но можеме да го победиме Баерн

Барселона утре на Камп Ноу го пречекува Баерн Минхен во првиот натпревар од Лигата на шамиони оваа сезона.

Куман иако признава дека неговиот тим не е фаворит, сепак истакна дека има сили да му создаде проблеми на Баварците.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Дали можеме да ја освоиме Лигата на шампиони? На ова прашање не можам да одговорам. Утре играме против тим кој има амбиции за трофејот. И Челзи минатата сезона не беше меѓу фаворитите, па го освои трофејот. Ние сме физички спремни за овој дуел и сметам дека можеме да го победиме Баерн“, истакна Куман.

„Утрешниот дуел е многу поважен од мојата иднина. Не е вистина дека има услови да го обновам договорот, а јас не сакам. Секој тренер за да остане треба да победува, јас не сакам да зборувам за иднината“, додаде Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…