Роналд Куман беше првиот кој му соопшти на Суарез дека најдобро за него ќе биде да пронајде нова средина, а Уругваецот на крајот одлучи да се пресели во Атлетико Мадрид.
Во еден момент се доби впечаток дека Суарез ќе остане, посебно кога пропадна неговиот трансфер во Јувентус. Сепак подоцна си замина. После преминувањето во Атлетико Суарез отворено зборуваше дека не бил задоволен од третманот кој го имал во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Куман му одговори на поранешниот напаѓач на Каталонците.
„Тешко му беше да ја прифати мојата одлука, но јас немав проблем со него. Тренираше навистна добро, на крајот сам реши да замине. Јас му кажав дека ако остане ќе биде како секој друг играч, еден плус. Moжеше да ми докаже дека не сум во право, но замина“, изјави Куман.