Дома Фудбал Куман го обвини Лапорта за Вајналдум

Куман го обвини Лапорта за Вајналдум

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман го обвини претседателот Лапорта за пропаднатиот трансфер на Вајналдум.

Според Куман, претседателот на Барселона е виновен што на „Камп Ноу“ не пристигнал Жоржинио Вајналдум.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Точно е дека направив се за да го доведам Вајналдум, но договорот пропадна затоа што претседателот повеќе се грижеше да ме изнервира отколку да го доведе играчот. Токму неговото однесување ја одложи операцијата и затоа тој го избра Пари Сен Жермен. Да не беше одолговлекувањето на Лапорта, Вајналдум ќе завршеше во Барселона“, изјави Куман.

Куман ја презеде Барселона во август 2020 година, а беше отпуштен во ноември 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона можеше да заработи барем 50 милиони евра, но Флик стави „вето“

Ханси Флик повторно покажа дека има огромен авторитет во Барселона, а сега го докажа тоа с…