Дома Фудбал Италија Кулушевски: Ибра те чекаме, приклучи ни се на ЕП

Кулушевски: Ибра те чекаме, приклучи ни се на ЕП

Фудбалерот на Јувентус, Дејан Кулушевски кој како што е познато има македонско потекло, но избра да настапува за репрезентацијата на Шведска зборуваше за Златан Ибрахимовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кулушевски истакна дека констатно е во контакт со Ибрахимовиќ и го повика Златан да се приклучи на репрезентацијата. Ќе потсетиме, во последно време на големо се најавува враќање на Ибра во репрезентацијата.

„Со Златан сме во контакт цело време, тој е мој идол. Навистина е неверојатно тоа што тој го прави, понекогаш добивам пофални зборови и тоа ме прави горд и ме мотивира да работам уште повеќе. Се надевам дека ќе ни се приклучи и ќе игра со нас на Европското првенство, ајде Златан те чекаме приклучи ни се“, изјави Кулушевски.

Последниот натпревар во репрезентацијата Ибрахимовиќ го одигра уште во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барбарез заплака на теренот по елиминацијата на Босна и Херцеговина од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заврши со натпреварите на Светското прве…