Изгледа дека Манчестер Јунајтед конечно тргна да ги решава своите дефанзивни проблеми. Долго тренерите на „Црвените ѓаволи“ беа во потрага по засилувања во последната линија, а сега пристигнуваат вест дека клубот од „Олд Трафорд“ направил конкретен чекор.
Стоперот на Наполи Калид Кулибали долго време се поврзуваше со „црвените ѓаволи“, но изгледа нивниот интерес за овој фудбалер сега е минато.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие сега вниманието го насочиле кон други мети. Наводно Јунајтед ги следи Матијас де Лихт, Тоби Алдервилд, Костас Манолас и Милан Скриниар.
Наводно Јунајтед сега тргнал по ангажман на Скриниар и до Интер испратиле понуда од 85 милиони евра.
Иако Скриниар и неговиот менаџер тврдат дека Словакот сака да остане во Интер, тој во овој момент е во преговори со нероаѕурите за новиот договор.
Скриниар во Интер пристигна во 2017 година од Сампдорија за скоро 30 милиони евра, тогаш потпиша договор на пет години. Меѓутоа неговите евентуални претерани барања, но и примамливата понуда од Манчестер Јунајтед би можеле да ги натераат „нероаѕурите“ да го продадат.
Доколку Интер ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед 24 годишниот Скриниар би станал втор најскап дефанзивец на сите времиња. Најскап во овој момент е Вирџил Ван Дијк за кого Ливерпул плати скоро 88 милиони фунти.