Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис предизвика реакции во јавноста со изјавата за африканските фудбалери.




Де Лаурентис изјави дека повеќе нема да купува африкански фудбалери затоа што на сред сезона заминуваат по еден месец на Африканскиот Куп на Нации. Услов би било да потпишат договор дека се откажуваат од играњето на овој турнир.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сега стигна одговорот од поранешниот играч на Наполи, Калид Кулибали кој летово премина во Челзи.




„Не може така да се зборува за африканските национални тимови, морате да имате респект. Зошто не се зборува така за европските репрезентации“, изјави Кулибали.




Кулибали од Наполи во Челзи премина за сума од 38 милиони евра.