Во медиумите се појавија шпекулации дека Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.
Кулибали долго време е трансфер желба на Челзи, а сега се појавија информации дека би можел да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ заедно со тренерот Маурицио Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кулибали и Сари во Челзи? Не знам ништо за тоа. Важно е да видиме каков ќе биде крајот на сезоната, бидејќи големите фудбалери како Кулибали сакаат да играт во Лигата на шампиони“, изјави агентот, Бруно Сатин.
„Претседателот Де Лаурентис и пазарот ќе ја определат цената на Кулибали. Тој нема откупна клаузула во договорот. Очекувам Кулибали да остане во Наполи, бидејќи е сметан за важен фудбалер. Треба да видиме каква ќе биде иднината на тренерот Сари“, додаде агентот.
Sono felice e orgoglioso di aver regalato questa grande gioia ai nostri tifosi. Godiamoci questa vittoria…da domani penseremo alla prossima partita ??#ForzaNapoliSempre #koulibaly #kkoulibaly26 #napoli #teamkk26 #teamrkell #teamkoulibaly #famiglia #difendoLaCittà pic.twitter.com/Kh8jPLvEJm
— Koulibaly Kalidou (@kkoulibaly26) April 22, 2018