Дома Македонски спорт Кузмановски: Трчавме како без глава, срам ми е да излезам на терен пред овие навивачи!

Кузмановски: Трчавме како без глава, срам ми е да излезам на терен пред овие навивачи!

Македонската репрезентација со вечерашниот пораз од Црна Гора го заврши настапот на Европското првенство, а натпреварот против Данска ќе биде само формалност.

Македонија денес посебно разочара во второто полувреме кога промашивме многу зицери и не ги искористивме одбраните на Никола Митревски. Филип Кузмановски порача дека навивачите заслужиле многу повеќе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се срамам да излезам на терен против Данска пред нашите навивачите. Заслужуваат навистина повеќе. Немам коментар, не знам што да кажам…“.

„По претходниот натпревар кажав дека сами сме виновни и треба да ги намалиме тие технички грешки. Место да ги намалиме денес ние направивме уште повеќе. Не знам во што е проблемот. Сите зборуваат за некоја нова Македонија, денес трчавме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено победија“, изјави Кузмановски.

Натпреварот со Данска Македонија го игра во понеделник во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…