Aнте Кудуз после паузата поради повреда се врати во тимот на Вујовиќ и ќе биде во ростерот за утрешниот натпревар со Алборг на гостински терен.
Во минатото коло Вардар беше поразен од Монпелје дома, а хрватскиот бек смета дека таа „шплакница“ може да донесе нешто позитивно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Алборг сигурно ќе сака реванш за поразот во Скопје. Ние доживеавме еден „ладен туш“ против Монпелје и можеби таа „шлканица“ ќе донесе нешто позитивно, ќе биде причина да се разбудиме. Натпреварот утре сигурно ќе биде различен од оној во Скопје. Верувам дека сега се подобро подготвени, а и ние знаеме добро како играат. Поради тоа не очекувам многу тактички изненадувања“, изјави Кудуз.
Натпреварот помеѓу Вардар и Алборг се игра утре од 18:45 часот, а Вардар ќе биде без Борко Ристовски кој пријавил здравствени проблеми.
Фото: РК Вардар