Дома Фудбал Крос со болки, Рамос сигурно го пропушта „Ел Класико“

Крос со болки, Рамос сигурно го пропушта „Ел Класико“

Германскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Тони Крос предвреме го напушти денешниот тренинг на „кралевите“ во Лос Анџелес, пренесоа шпанските медиуми.

Плејмејкерот почуствувал болки во глуждот и предвреме го прекинал тренингот, а капитенот Серхио Рамос воопшто не тренираше денес поради болки во увото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И двајцата сигурно ќе го пропуштат пријателскиот меч со Манчестер Сити оваа ноќ, а готово сигурно Серхио Рамос нема да игра и на првото „Ел Класико“ оваа сезона на 29-ти јули во Мајами.

Утре рамо сабајле (во 5 часот по наше време) европскиот шампион ќе одигра пријателски меч против тимот на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Де…