Германецот Тони Крос ова лето ја заврши кариерата, а сега откри дека своевремено водел преговори со Манчестер Јунајтед.
Во периодот кога Дејвид Мојс го водеше Јунајтед Крос преговарал за преселба во Манчестер, меѓутоа ситуацијата се променила кога пристигнал Луис Ван Гал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крос бил желба на Мојс, додека Ван Гал имал поинакви замисли и преговорите се стопирале.
„Преговарав со Манчестер Јунајтед, но тогаш тие го отпуштија Дејвид Мојс. Пристигна Ван Гал и ситуацијата се промени, па заедно со Баерн одлучивме да ги прекинеме преговорите“, изјави Крос.