После неколку потписи во Македонија Ѓорче Петров на ред дојде и Кристијан Стојкоски.




Клубот од Ѓорче денес објавија дека Стојкоски потпишал нов договор. Во изјавата по потписот на Стојкоски потенцираше дека една од причините поради која останува е изборувањето на настап на европската сцена.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така што лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за и следната сезона биде успешна за мене и за Ѓорче”, изјави Стојкоски.




Ќе потсетиме, „лавовите“ евросцената ја обезбедија со освоениот Куп на Македонија каде што во финалето беа подобри Силекс после изведувањето на пенали.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров