Дома Фудбал Англија Кристал Палас губеше 2:0 и освои бод против Манчестер Сити!

Кристал Палас губеше 2:0 и освои бод против Манчестер Сити!

Манчестер Сити откако минатото коло ја прекина серијата од три натпревари без победа во Премиер лигата денес повторно не победи. Избраниците на Пеп Гвардиола имаа предност од 2:0 против Кристал Палас, но на крајот средбата заврши без победник 2:2.

Џек Грилиш на половина од првото полувреме по асистенцијата Фил Фоден ја затресе мрежата на гостинскиот тим. Доминираше Сити и во продолжение од првиот дел за тоа зборуваат 14-те удари кон голот на Едерсон во овие 45 минути. Гостите од Лондон ниту еднаш не шутнаа во рамките од голот на Едерсон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По десетина минути игра во вториот дел одличниот млад фудбалер Рико Луис погоди за 2:0 и тука изгледаше дека „граѓаните“ лесно ќе дојдат до трите бода.

Сепак, фудбалерите на Кристал Палас не се откажаа. Матета на 15-тина минути до крајот на натпреварот намали на 2:1. Водството на Сити беше актуелно се до петтата минута од судиското продолжение кога Олис од пенал го матираше Едерсон.

Со овој бод Сити има 34 бода на четвртата позиција, Тотенхем на една позиција подоле е на 33, додека на првите три позиции се Ливерпул (37), Арсенал (36) и Астон Вила (35). Сите овие екипи утре ги играат своите натпревари и имаат прилика да го искористат новиот кикс на актуелниот шампион.

Њукасл и Челси забележаа сигурни победи со 3:0 и 2:0 против Шефилд, односно Фулам, додека натпреварот помеѓу Бормут и Лутон беше прекинат откако дефанзивецот на гостите Том Локиер се сруши на теренот. Во моментот на прекинот (60-та минута) на семафорот стоеше 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…