Капитенот на ПСЖ Тиаго Силва стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и го продолжи договорот со „светците“ до 2020 година.
Бразилецот кој има 32 години во Париз пристигна во 2012 година од Милан и веднаш стана еден од клучните играчи, а подоцна и капитен на тимот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Горд сум што сум капитен на тимот кој во последните две години освои сѐ во Франција и игра добро во Лигата на шампионите. Имаме уште многу желби кои сакаме да ги оствариме. Верувам дека ќе ги оствариме желбите и дека навивачите ќе имаат многу можности за радост“, изјави Силва.