Ремси Абас Иса, менаџерот на Мохамед Салах истакна дека неговиот клиент летово нема да го напушти Ливерпул.
„Ако имавме некаков план за заминување од Ливерпул оваа година, немаше да го обновиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, пренесе „Скај“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саудискиот Ал-Итихад кој ги доведе Бензема и Канте покажа интерес и му понудил 51.8 милиони фунти за двегодишен договор.
Салах има 31 година и минатото лето го продолжи договорот со Ливерпул до 2025 година. На „Енфилд“ египетскиот фудбалер пристигна во 2017. година, одигра 305 натпревари и постигна 186 голови.