Лошите вести за Јувентус денес беа потврдени, Федерико Киеза ја заврши сезоната!
Одличниот напаѓач ги скинал лигаментите на коленото и сега следи операција. Дијагнозата е јасна и не остава никаква дилема. Во следните неколку дена тој ќе оди на операција и може да се каже дека за него ова е крај на сезоната. Опоравувањето од вакви повреди трае од четири до шест месеци, сигурно дека ниту тој, а ниту Јувентус нема да ризикува со избрзување за враќање на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот сигурно многу ќе недостасува во нападот на Алегри кој ќе мора да најде некое решение. Добро во целата ситуација е што е отворен преодниот рок, па можеби ќе пристигне и некое засилување.
Со повредата на Киеза сега е јасно дека Кулушувески сигурно нема да биде продаден, а поголема улога ќе добие и Бернардески на кого му завршува договорот на лето.