Како што пренесува „Дејли Телеграф“, се става крај на сагата со Алексис Санчез.
Според реномираниот англиски медиуми, Санчез се согласил на договор од 4 ипол години кој ќе вреди 14 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овие моменти се чека потврдниот одговор на Михтаријан да се пресели на „Емирати“. Покрај, ова „Телеграф“ наведува и декаСанчез се надева дека Михтаријан во најбрз можен рок ќе прифати да се пресели во Арсенал, за тој да му се приклучи на Јунајтед.
Како поткрепа на оваа информација е и информацијата која пристигна од новинарот Адам Јозеф кој тврди дека размената Санчез – Михтаријан ќе се реализира најдоцна до петок.
Оваа вест англиските медиуми ја лансираа само неколку моменти после веста дека непознат шпански клуб се вклучил во трката за Санчез, но веројатно се работи за медиумска шпекулација.
BREAKING:
According to the Telegraph Alexis Sanchez has agreed a four-year deal with Manchester United worth £14m!#MUFC pic.twitter.com/NxiwpfZ7YT
— Football Transfers (@TransferBibIe) January 17, 2018