Дома Фудбал Германија Крај на сагата: Ноер стави потпис на нов договор

Крај на сагата: Ноер стави потпис на нов договор

После неколку месечни преговори и перипетија, Мануел Ноер конечно стави потпис на нов договор со Баерн Минхен.

Баварскиот гигант денес потврди дека Ноер ставил потпис и се обврзал на верност со Баерн Минхен до 2023 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на голманот истекуваше следното лето, па двете страни долго време беа во преговори и не можеа да најдат заеднички јазик околу должината на договорот.

34-годишниот Ноер сакаше договор до 2025 година, но двете страни конечно најдоа заеднички јазик и ставија крај на сагата.

Со новиот договор Ноер ќе заработува 15 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…