Дома Фудбал Останато Крај на сагата: Насри заминува во Турција

Крај на сагата: Насри заминува во Турција

Некогашниот француски репрезентативец, Самир Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Насри отпатува за Турција каде ќе ги изврши лекарските прегледи, а потоа и ќе потпише двегодишен договор со екипата на Анталијаспор, која има големи амбиции во новата сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Манчестер Сити го купи Насри од Арсенал за 25 милиони фунти, освои потоа на „Етихад“ две титули, ФА Куп и две титули во Лига Купот, но изминатата сезона ја мина во Севиља на позајмица.

Дека на него и натаму не смета Гвардиола докажува фактот што бараше нов клуб, па изборот падна на Анталија во која капитен е некогашниот голгетер на Барселона, Самуел Ето.

30-годишниот офанзивец во кариерата играше и за Марсеј, додека во дресот на Франција во 41 дуел постигна пет погодоци, но последен пат за „Триколорите“ настапи уште пред четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ремек дело на Деклан Рајс (видео)

Во второто полувреме, Арсенал го декласираше Реал Мадрид со три гола за само неколку минут…