Аркадиуш Милик ова лето иако беше на излезна врата сепак остана во Наполи,но во јануари сигурно ќе го напушти клубот.
Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона.
Заинтересираните клубови како Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид се откажаа бидејќи Наполи бара 15 милиони евра за неговата слобода, што е многу за играч кој на лето ќе биде слободен агент.
Во моментов најсилен интерес покажува Марсеј, кој понуди 8 милиони евра, па се чека одговор од Наполи. Милик дал согласност за трансферот и веќе се договорил со францускиот клуб.