Maкедонскиот голман Столе Димитриевски како што стојат работите нема да го напушти Рајо до крајот на овој преоден рок.
Се најавуваше трансфер на Димитриевски прво во Барселона, па во Рајо, но клубот на Димитриевски не попушти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рајо го пушти на позајмица Иван Ароледа и после лекарските прегледи ќе се придруќи на Њуелс Олд Бој, па сега во тимот се само Димитриевски и Лука Зидан кој во последно време добива предност откако македонскиот голман прво беше заразен со ковид-19, па се здоби со повреда на бутниот мускул.
Шпанскиот новинар Лопез Де Висенте пренесува дека Димитриевски сигурно останува во Рајо освен во случај ако некој плати 50 милиони евра што е јасно дека сигурно нема да се случи. Слична објава имаше и новинарот Руди Галети кој беше еден од првите кои пишуваа за негов трансфер во Рајо. Галети тврди дека разликата во она што го нуди Ал Наср и она што го бара Рајо е преголема.
Кога во прашање е Барселона се остана само интерес, официјална понуда од Каталонија на адреса на Рајо не пристигнала.