Дома Фудбал Останато Крај на кинескиот експеримент: Нема повеќе расфралање со милиони!

Крај на кинескиот експеримент: Нема повеќе расфралање со милиони!

Експериментот наречен, кинеска Супер лига изгледа е готов. Поточно, готово е со астрономските суми во договорите на играчите.

Веројатно она што се случуваше во изминатите годините беше стратегија за популаризација на кинескиот шампионат, но оваа епизода во кинескиот фудбал е завршена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во изминатите години кинеските клубови со астрономски договори успеваа да доведат големи фудбалски имиња во нивната лига, сега работите се менуваат од „корен“.

Кинеските клубови воведоа ограничување на плати за странски играчи и сега највисоката граница е околу 57.000 евра. Исто така буџетот за плати е лимитиран за да се спречи исплаќање на огромни суми преку бонуси.

За споредба, доволно е да се сетиме на рекордната плата на Карлос Тевез кој во Кина добиваше повеќе од 700.000 евра неделно.

Сега се поставува прашањето дали промената на правилата кога се финансиите во прашање, значи заминување на некои големи имиња по истекот на нивните договори. Ќе потсетиме, Оскар во овој момент во Кина заработува 450.000 евра неделно, Хулк околу 370.000, Пеле 340.000, Фалаини 275.000, Техеира 245.000, Караско 220.000…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

И тој е само жив човек, би рекле некои во негова “одбрана” поради тој “п…