Дома Останати Тенис Крај на кариерата за тенисер чии рекорди никогаш нема да бидат соборени

Крај на кариерата за тенисер чии рекорди никогаш нема да бидат соборени

ЏОН ИСНЕР е поразен во натпреварот од 2.коло на УС Опен. Подобар од двократниот четвртфиналист на последниот Грен слем турнир во годината и еднаш осмо рангиран тенисер во светот беше Мајкл Мо, кој славеше со пресврт 3:6, 4:6, 7:6(3). 6:4, 7:6(7).

25-годишникот, кој ќе остане запаметен како тенисерот кој го испрати Иснер во пензија, славеше на мечот меѓу двајцата Американци.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Мечот во 2. коло на УС Опен беше и последен во кариерата на тенисерот кој освои 16 титули и ќе остане запаметен како еден од тенисерите со најдобар сервис.

Тој се повлече како тенисер со најмногу небранети сервиси. Во последниот меч во кариерата заврши со 48 неодбранети сервиси, а со 14.450 замина во пензија.

“Мислам дека направив најмногу што можев во кариерата. Не можев ни да сонувам дека ќе бидам толку успешен толку долго”, изјави 38-годишниот играч.

Дел од него е и историскиот меч што го одигра на Вимблдон во 2010 година против Николас Махут, во кој победи по 138 гема одиграни само во последниот сет.

Натпреварот заврши 6:4, 3:6, 6:7(7), 7:6(3), 70:68 и стана класика уште пред да заврши вечерта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Урнебесен момент: Еден од најпознатите холивудски актери заспа во мечот на Ѓоковиќ! (Видео)

Тај-брејкот на мечот на Новак Ѓоковиќ? Ако го прашате Хју Грант, можеби ќе ви каже дека не…