Како што пренесуваат шпанските медиуми на крајот на сезоната Лука Модриќ и Тони Крос ќе го напуштат Реал Мадрид.
Тоа ќе значи и крај на една ера, бидејќи Модриќ и Крос заедно со Каземиро го сочинуваа „јадрото“ на Реал долги години и беа најзаслужни за големите успеси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорите на двајцата ветерани истекуваат на крајот на сезоната, а Реал Мадрид веќе размислува за нивни замени.
„Калчомеркато“ пренесува дека „кралевите“ нивната замена ќе ја доведат од Серија А, бидејќи Анчелоти е силно заинтересиран за Николо Барела од Интер и Милинковиќ-Савиќ од Лацио.
Цената на овие фудбалери изнесува околу 70 милиони евра, а Реал ќе се обиде да донесе најмалку еден од нив на „Сантиаго Бернабеу“.