После 30 успешни години Адриано Галиани ќе го напушти Милан. Легендарниот директор на „росонерите“ одби да добие било каква друга улога во клубот и следната недела ќе го напушти италијанскиот гигант.
Со доаѓањето на новите кикески сопственици стана јасно дека Адриано Галиани нема повеќе да биде генерален директор и трансфер „гуру“ во Милан. Понудени му беа разни позиции во клубот, но тој реши после 30 години да го напушти Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не ме интересира ни место во Управниот одбор, јас мора да си ја почитувам својата кариера. 30 години бев генерален директор во клубот и неможам да прифатам друга функција. Во секој случај јас ќе останам голем фан на Милан бидејќи овој клуб е дел од мојата душа“, изјави Галиани.
Галиани е на таа позиција во клубот откако Милан е во рацете на Силвио Берлускони и се етаблираше во еден од најпознатите и најуспешните фудбалски директори во Европа.