Дома Топ вести Кој е виновен за кризата на Реал? – Роналдо го има одговорот!

Кој е виновен за кризата на Реал? – Роналдо го има одговорот!

zidane

Алармот во таборот на „кралевите“ е вклучен веќе подолго време, но кога ќе се огласи првата ѕвезда на тимот тогаш тоа секако е сериозно…

Кристиано Роналдо не беше самокритичен, но затоа упати остри критики кон управата за според него катастрофалниот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Доведовме млади играчи кои имаат потенцијал, но заминаа Хамес Родригез, Пепе и Мората, играчи со многу искуство. Минатата година бевме далеку подобри, сега ни недостасува искуството на фудбалерите кои заминаа. Преодниот рок беше навистина лошо одработен“, изјави Португалецот по поразот и продолжи:

„Покрај тоа повредени се Карвахал и Варан, јасно е каде е нашиот проблем. Не можеме повеќе да ги игнорираме проблемите, аларамот е веќе вклучен“, истакна Роналдо.

Овие зборови шпанските медиуми ги протоколкуваа како критики кон тренерот Зинедин Зидан, кој поразот во првенството од Жирона го нарече само лош ден, но сега следуваше вистинска „шлаканица“.

Дали Зидан е главниот вивновник?

Французинот тврдеше дека засилувања не му се потребни, но од друга страна сакаше и тимот да остане ист, но Перез одлучи да ги продаде Родригез, Данило и Мората.

Сега кружат различни приказни, како тоа дека Роналдо побарал Колумбиецот и Шпанецот да заминат од клубот, но сеуште ништо од тоа не е потврдено. Зидан бараше да му биде доведен Алексис Санчез, но Перез не сакаше да плаќа огромна сума за играч на кој наредното лето му истекува договорот.

Зидан и понатаму тврди дека Реал не е во криза, „Марка“ пак пишува дека тимот го допрел дното. Шпанскиот весник ги критикува поединечно сите фудбалери, посебно Марсело, иако јасно е дека проблемот не може да биде само во еден играч. Пласманот во наредната фаза во Лигата на шампионите не би требало да претставува проблем, за „кралевите“ е доволно само да го совладаат Апоел.

Дали на Зидан му се заканува отказ?

Не, без оглед на проблемите, изгледа дека неговото место е сеуште сигурно, барем до јануарскиот преоден рок. Доколу Реал продолжи да губи, Французинот веројатно и сам ќе си замине, Перез незадоволен пред поради начинот на кој Реал губи, а тоа го призна и Рамос кој истакна дека ова не е неговиот Реал, оној кој се бори да самиот крај и никогаш не се откажува.

А се започна како од бајка, со големата победа над Барселона во Суперкупот, но за краток период се беше претворено во кошмар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…