Дома Фудбал Англија Кошмарна најава за Ливерпул: Најчесно би било сезоната во ПЛ да се поништи!

Кошмарна најава за Ливерпул: Најчесно би било сезоната во ПЛ да се поништи!

Карен Брејди ко-сопственичката на Вест Хем смета дека оваа сезона во Премиер лигата би требало да се поништи поради коронавирусот.

Поради пандемијата од коронавирусот Премиер лигата како и поголемиот дел од европските национални првенства се прекинати до почетокот на април. Прекинот кај Англичаните е предвидено да трае до 3. април, меѓутоа се зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Нема сомневање дека постои можност фудбалската сезона во Англија да биде откажана и поништена. Управата на Премиер лигата смета дека период од три недели е доволен за продолжување на натпреварувањето, но тоа е далеку од реалноста. Ако фудбалерите не можат да играат, првенството не може да биде завршено“.

„Единствено разумно решение е целата сезона да се поништи. Како ќе знаеме кој би напредувал на табелата, кој би испаднал од лигата? Навистина, тоа би било тежок удар за Ливерпул, но за мене тоа е најразумно. За тоа ќе разговараме на состанокот наредната недела“, изјави Брејди.

Ливерпул на титулата во Премиер лигата чека цели 30 години и само поништување на сезоната може да ги спречи „црвените“ сезонава да станат шампиони бидејќи им се потребни само уште две победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Револуција: Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме сосема поинакви ТВ преноси!

Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме ТВ преноси какви што досега немало. Споре…