Диего Коста наскоро и официјално ќе стане нов играч на Атлетико Мадрид, отако двата клуба вчера ги договорија сите детали од трансферот.
Репрезентативецот на Шпанија после три години го напушта Челзи и се враќа во Атлетико Мадрид, каде ќе има можност да настапува од јануари 2018 година.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Коста на крајот на минатата сезона беше „отпишан“ од менаџерот на „сините“ Антонио Конте и тоа преку СМС порака, што многу го налути 28-годишниот напаѓач.
Откако му се исполни желбата да се врати во Аткетико Мадрид, Коста испрати порака и ги поздрави навивачите на Челзи.
„Јас и Конте немаме што да решаваме. Не сум лут на никого и немам лошо мислење за никого. Се е во најдобар ред“, истакна Коста и додаде:
„Сите знаат колку ги сакам навивачите на Челзи. Засекогаш ќе останат во моето срце“.