Дома Фудбал Италија „Кориере дело Спорт“: Прифатен главниот услов – Анчелоти нов селектор на Италија!

„Кориере дело Спорт“: Прифатен главниот услов – Анчелоти нов селектор на Италија!

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ во јавноста пласираше сензационална вест дека Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија.

По заминувањето на Вентура, Италијанците се во преговори со разни потенцијални решенија, но изгледа дека на крајот постигнале договор со Анчелоти кој е без ангажман откако го напушти Баерн во септември 2017 година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Истиот извор пишува дека главен услов на Анчелоти бил тој да си го состави тренерскиот тим. Па така, помошници би требало да му бидат синот Давиде Анчелоти, Масимо Амбросини и Андреа Пирло кој неодамна ја заврши фудбалската кариера.

Наводно Анчелоти на клупата на „Аѕурите“ ќе заработува пет милиони евра годишно, што е многу за еден селектор, но сепак и многу помалку од она што го добиваше во Баерн Минхен.

Искусниот 58 годишен стручњак во текот на својата кариера ги водеше Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал и Баерн. За крај се наведува и дека официјалната потврда за соработката помеѓу Анчелоти и Италија се очекува наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куман откри кога Рајндерс ќе оди на медицинските прегледи во Манчестер Сити

Репрезентативецот на Холандија Тијани Рајндерс ќе ги спроведе своите медицински прегледи п…