Дома Фудбал Италија Контроверзна насловна страна „Кориере дело Спорт“ пред утрешното дерби во Италија (ФОТО)

Контроверзна насловна страна „Кориере дело Спорт“ пред утрешното дерби во Италија (ФОТО)

Утре во дербито во Серија А ќе играат Интер и Рома, а „Кориере дело Спорт“ се потруди да направи скандал со својата насловна страна.

Имено, на насловната страна се најдоа фудбалерите со темна боја на кожата Ромелу Лукаку и стоперот на Рома, Крис Смолинг. Контроверзии предизвика текстот на насловната страна на која пишуваше „Црн петок“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Со мали букви под тој наслов стои: Од доаѓањето од Манчестер Јунајтед станаа важни во своите екипи и завземаа став во борбата против расизмот.

Наводно се било замислено токму како борба против расизмот и токму затоа за насловната страна биле избрани фудбалери со темна боја на кожата. Сепак, малку кој сфати на тој начин, па реномираниот медиум во Италија доби голем број критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го продава дефанзивецот во Серија “А”

Барселона и Фиорентина се договориле за трансфер на 18-годишниот дефанзивец на каталонците…