Дома Фудбал Останато Конте се согласил да седне на клупата на новиот клуб и поставил два услови?

Конте се согласил да седне на клупата на новиот клуб и поставил два услови?

Договорот никогаш не бил поблиску!

На Интер му претстои клучна борба за толку посакуваниот пласман во Лигата на шампионите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После неколку лоши резултати атмосферата во тимот е подобра после победата во градското дерби проитв Милан, но постои голема можност Лучијано Спалети на лето да стане поранешен.

Не е тајна дека фаворит за негов наследник е Антонио Конте, поранешниот тренер на Јувентус соработуваше со Бепе Марота кој ќе направи се за да го доведе сега во Милано.

Сепак, италијанскиот стратег има два многу конкретни услови кои Интер мора да ги исполни за тој да го стави својот потпис и да се согласи да го води Интер, пренесува „Калчомеркато“.

Конте сака годишна плата од 12 милиони евра, наводно би се согласил и на помалку, меѓутоа не би прифатил сума под десет милиони евра.

Покрај тоа тој бара договор во траење од најмалку три години. Конте не би го условил клубот со учеството во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, но сака одврзани раце во трансфер политиката со цел да креира тим по негова желба.

Останува во наредниот период да видиме дали Конте и Интер ќе постигнат договор за соработка. Ако Конте се одлучи да седне на клупата на Интер сигурно тоа нема да биде добро прифатено во Торино бидејќи „нероаѕурите“ се најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…