Дома Топ вести Конте прави реконструкција во јануари, носи три ѕвезди во Тотенхем

Конте прави реконструкција во јануари, носи три ѕвезди во Тотенхем

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ќе има голем буџет на располагање, а Конте е спремен да направи сериозна реконструкција на тимот.

Антонио Конте ќе добие одврзани раце кога се трансферите во прашање, а Италијанецот веќе направил список од три ѕвезди од Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Прво име на списокот е Душан Влаховиќ од Фиорентина. 21-годишниот напаѓач најави заминување, многу европски гиганти го сакаат, а Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.

Втората мета е Стефан де Врај од Интер. Конте одлично го познава дефанзивецот и е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, тешко е да се поверува дека „нероаѕурите“ ќе го пуштат играчот на средина од сезоната.

На крајот Конте го сака и Франк Кеси од Милан. Неговиот договор со Милан завршува на крајот на сезоната, а Тотенхем веќе испратил богата понуда до неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…