Дома Фудбал Италија Конте: Победите не го менуваат мислењето, Јуве и Наполи се посилни од нас!

Конте: Победите не го менуваат мислењето, Јуве и Наполи се посилни од нас!

Интер после пет одиграни кола е лидер во Серија А со максимален број на бодови, но тренерот Антонио Конте се уште цврсто стои на земја.

Тој истакна дека ситуацијата не се променила и се уште смета дека Јувентус и Наполи имаат посилни тимови од неговиот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Ние не сме фаворити, Јувентус и Наполи се посилни од нас. Победите не го променија мислењето кое го имав на почетокот. Ние се уште имаме долг пат пред нас и многу работа. Продолжуваме да се развиваме, во моментов сме на почеток“, изјави Конте.

„Ако сакаме да бидеме силен тим, треба да се справиме со осцилациите во играта. Видете ја историјата на Интер, и други тренери имале одличен старт на сезоната, но потоа немале успех. Пред две години овој тим беше лидер на табелата во декември, а потоа едвај се пласира во Лигата на шампиони. Сезоната е долга“, додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…