Дома Фудбал Англија Конте одговори: Реднап и Невил зборуваат глупости!

Конте одговори: Реднап и Невил зборуваат глупости!

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, по поразот од Манчестер Сити жестоко ги нападна Гери Невил и Џејми Реднап, кои ја критикуваа играта на Челзи.

Дербито не ги оправда очекувањата, па Антонио Конте се најде на удар на критиките, а најмногу стигнаа од Џејми Реднап и Гери Невил (ОВДЕ).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Антонио Конте е познат по тоа што нема влакна на јазикот, па жестоко им одговори на критичарите.

„Во овој момент морам да ги прифатам критиките, но не сум толку глупав да играм отворено против Сити и да изгубам 3:0 или 4:0. Мислам дека аналитичарите треба да почнат да размислуваат со главата и сметам дека треба да имаш тактичко знаење пред да отвориш уста да зборуваш било што. Тие само зборуваат глупости“, истакна Италијанецот.

Овој пораз беше четврти во петте последни лигашки натпревари за Челзи кој сега заостанува 25 бода зад Манчестер Сити и е во опасност да не обезбеди пласман во ЛШ наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впеча…