Италијанскиот стратег, Антонио Конте вчера и официјално заработи отказ од клупата на Челзи, а лондонскиот клуб веќе денес го претстави новиот тренер, Маурисио Сари.
Конте на клупата на „Плавите“ мина две сезони, а веќе во првата успеа да ја освои шампионската титула во Англија. Сепак, Челзи во изминатата сезона играше доста лошо и дури не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Беше јасно дека Конте ќе биде бивши, но во клубот се надеваа дека тој ќе биде оној кој ќе врачи оставка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, Конте трпеливо чекаше да добие отказ на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи знаеше дека во тој случај ќе добие голема оштета. Англиските медиуми наведуваат дека италијанскиот стратег дури имал понуда од Реал Мадрид, но дека ги одбил поради оштетата.
Во Челзи беа свесни дека Конте нема сам да замине, и единствено решение беше да му врачат отказ. Лондонскиот клуб тоа вчера официјално го направи, а Конте мора да трие раце бидејќи ќе добие неверојатни девет милиони фунти оштета поради отказот.
Конте сега не мора да се грижи за финансиите некое време, а се наведува дека ќе земе и една година слободна за да се одмори од се.