Тренерот на Интер, Антонио Конте откри дека на тренинзите му ја променил позицијата на Кристиан Ериксен на позиција последен играч за врска пред одбраната.
Ериксен минатата година пристигна во Интер како големо засилување, но не се вклопи во формацијата на Конте и силно се шпекулира дека може да си замине до крајот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конте сега му најде нова позиција на теренот и тврди дека има големи очекувања.
„Ериксен? Во кариерата еден фудбалер има убави и не толку убави моменти, но треба да покаже карактер и да ги надмине потешкотиите. Работевме со Ериксен на тактико ниво за позицијата плејмејкер, каде во моментов игра Брозовиќ. Очекувам големи нешта од него на таа позиција“, изјави Конте.
🗣️ | INTERVIEW
— Inter (@Inter_en) January 12, 2021
Antonio Conte speaks ahead of #FiorentinaInter 🎙️#CoppaItalia pic.twitter.com/bloDBajMgy