Интер после 11 години стана шампион на Серија А, а во овој успех големо влијание имаше тренерот на Антонио Конте кој создаде тим кој ја прекина доминацијата на Јувентус.
Но, Конте нема да го гледаме на клупата на Интер, вчера беа потврдени најавите и тој го напушти кормилото на „нероаѕурите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Какво патување во две години! Од ден во ден развивавме повеќе сила, решеителност, желба, жртва. Без алиби и изговори ,само работа и работа. Го вративме Скудетото во Интерп осле 11 години, но пред се го вративме Интер на местото каде што заслужува со неговата историја и традиција. Благодарен сум на сите кои тоа го овозможија. Претседател, фудбалери, вработи, менаџери и сите луѓе кои помагаа. Сликата со Скудетото подигнато од највисоко на нашиот стадион секогаш ќе ја носам. Ви Благодарам“, порача Конте.