Дома Фудбал Англија Конте искрен: Не сме способни да се бориме за титулата!

Конте искрен: Не сме способни да се бориме за титулата!

После поразот од Вест Хем, тренерот на Челзи, Антонио Конте и официјално крена „бело знаме“ и се откажа од титулата во Премиер лигата.

Италијанецот после мечот беше брутално искрен и изјави дека неговиот тим не може да ја одбрани титулата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ако сакаш да бидеш во трката, потребен е континуитет во резултатите. Нашиот случај не е таков. Ако загубиш четири од 16 натпревари, ти веќе не си во трката. Кога ќе загубиш од Вест хем, кој е при самото дно на табелата, тогаш треба да ти биде јасно дека тимот е далеку од одбрана на титулата. Треба да ги промениме нештата“, изјави Конте.

Челзи по 16 одиграни кола на Премиер лигата е на третата позиција на табелата со 32 бода, 11 помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …